Љубителите на европскиот филм имаат можност да го проверат своето знаење така што ќе се приклучат на натпреварот што го организира Европската Комисија преку програмата „Creative Europe MEDIA“.
Десетмина ќе имаат шанса да присуствуваат на Канскиот филмски фестивал во мај, со платен превоз и сместување. Ова како што велат организаторите, ќе им овозможи на добитниците да добијат слика за европскиот аудиовизуелен сектор и да се запознаат со филмски професионалци.
Програмата постои од 1991 година, помагајќи им на европските таленти да соработуваат надвор од границите. Секоја година поддржува речиси 2000 проекти, вклучително филмови, ТВ серии, видеоигри, програми за обука, киносали…
Краен рок за учество е 18 март, 2018 година.
Правилото на натпреварот е – со секој точен одговор, добивате поен.
Добивате дополнителен поен ако ја следите програмата на Твитер и/или на Фејсбук за што се добива максимум еден поен.
Победници се десетте учесници со најдобар резултат. Ако резултатите се еднакви, ќе има дополнителни прашања.
Секој може да поднесе до три пријави, но само со една може да се победи.
Организаторите посочуваат дека учесниците треба да се слободни во периодот помеѓу 14 и 16 мај, датумите кога победниците ќе патуваат во Кан.
Победниците ќе бидат соопштени на почетокот на април.
Натпреварот е организиран од Европската Комисија.
Прашањата може да се одговорат долж веб-страницата, а за условите и правилата може да прочитате на следниот линк.