Притисоци против штрајкот наместо решeнија за проблемите во образованието

Политизација во образованието, партиски притисоци врз вработените, ниски плати на негувателките во градинките, казни за наставен кадар, чести промени во образовната програма, се само дел од проблемите со кои се соочуваат просветните работници. Тие велат дека состојбите во образованието се лоши со години, а надлежните институции свесно или не преземаат мерки за надминување на состојбите, а понекогаш се генератори на тие лоши состојби, пишува во саботната анализа Радио Слободна Европа.

Притисоци против штрајкот наместо решeнија за проблемите во образованието

Дополнителен проблем во училиштата се долговите кои тие ги имаат кон јавните претпријатија. Сè уште постојат училишта кои што немаат пари да си платат сметки за струја, а камо ли за санација и поправки на училниците. Дел од учениците во земјава учат во лоши услови без доволно нагледни средства. Во некои класови има и по 45 ученици кои посетуваат настава во стари училишта со години нереновирани, без основни средства за работа како здрави клупи и столчиња, нечисти тоалети и училници.

Некои училишта, како на пример тетовското средно музичко училиште, немаат доволно простор за да се разминат учениците во училниците, а камоли да се одржи квалитетен наставен час во звучно изолирана просторија.

Во моментов наставниците се исплашени зошто не знаат од каде ќе бидат удрени или отстранети од работа. Народски кажано, преку ноќ се носат одлуки за воведување нови програми без поширока и подлабока анализа или барем постапно.

На почетокот на учебната година, од СОНК реагираа дека во периодот којшто следува ќе отворат низа прашања поврзани со статусот на просветните работници, но и за предизвиците со кои се соочува образованието во земјава. Најавија штрајк на 29 септември, но како изминуваа деновите, штрајкот уште незапочнат донесе политички преписки и проблеми. Владата скрои закон со кој може да ги замени сите наставници кои нема да држат настава.

На само неколку дена пред неговото реализирање, во Охрид излегоа на протест професори затоа што не сакаат да штрајкуваат. Атмосферата во училиштата стануваше се понеподнослива. Медиумите пишуваа дека директорите собираа списоци од претседателите на синдикалните организации кои на 29 ќе протестираат, а со тоа и суптилно се отвора прашањето околу сигурноста на нивните работни места. Дополнителна форма на притисок се и јавно истакнатите списоци на казнети и наградени наставници, велат во СОНК.

Првиот човек на синдикатот Јаким Неделков вели дека бараат имплементација на договорот за детска заштита, односно зголемување на платите за вработените во градинките, потоа намалување на бројот на деца во групите, затоа што не ретко има двојно повеќе деца во една група од пропишаните 20. СОНК бара отпочнување на преговори за зголемување на платите во основното и средното образование и да се коригираат законите за образование.

Притисоци против штрајкот наместо решeнија за проблемите во образованието„Енергично бараме повлекување на Законот за основно образование во делот на оценување на наставниците по пат на екстерно оценување, коешто цениме дека како инструмент за вреднување на трудот е несоодветен. Исто така бараме отпочнување преговори за зголемување на платите во основното и во средното образование, секако дека бараме и ревидирање на актуелните постоечки закони за основно и средно образование, а исто и за високо образование“, вели Неделков во интервју за Алсат ТВ.

Тој објаснува дека платите на наставниците не се поголеми од платите од нивните колеги во Романија и Бугарија како што тврдат владините претставници.

Воведено е бесплатно образование за сите, бесплатни учебници за сите ученици од основно и средно образование. Воведен е проектот компјутер за секое дете, воведени се дисперзирани студии во поголемиот дел од градовите во Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние имаме најниски плати во опкружувањето, а со оглед на тоа што Балканот, односно Македонија, е во Европа, имаме најниски плати и во Европа. Во градинките, еве ќе споменам за воспитно-образовниот кадар, значи имаат од 12 до 17 илјади денари, воспитувачките имаат 17-18 илјади, а негувателките 12 илјади денари. Во образование, платите на наставниците, односно професорите, се од 20-21 илјади. Значи 19.700 во основно образование, а 20.600 денари во средно образование“, вели тој.

Неделков тврди дека во некои градови се врши притисоци врз наставниците да не штрајкуваат.

„Голем дел од тие наши членови се симпатизери или членови на некои од партиите коишто на власт, коишто ги повикуваат и едноставно на нивен начин им кажуваат да се откажат од одлуката за штрајк. Точно со кои зборови јас не можам да ви кажам или да ви потврдам, меѓутоа веројатно можеме да претпоставиме на кој начин се закануваат“, вели Неделков.

Целата анализа прочитајте ја на веб-страницата на Радио Слободна Европа.