Полицијата вчера го лишила од слобода Х.М.(29) од село Канатларци поради сомнение дека предизвикал пожар.
„Околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во во атар на село Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема“, известуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму додаваат дека лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку, поради предизвикување на пожар беше приведен и прилепчанецот Г.К. (54) од село Штавица, кој во службен разговор го признал делото.
Од МВР велат дека против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Поради предизвикување пожар кај местото „Крушки“ лишен од слобода беше и М.Ј. (31) од Свети Николе на 31 јули. Додека пак, три дена пред тоа беше приведен и С.Р. од селото Али Коч, радовишко бидејќи подметнал пожари во близина на селото.