Полицијата вчера го лишила од слобода Г.К. (54) од село Штавица, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар.
„Околу 09 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото“, известуваат од МВР.
Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица.
„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело ‘предизвикување општа опасност’“, додаваат од Министерството.
Инаку, поради предизвикување пожар кај местото „Крушки“ лишен од слобода беше и М.Ј. (31) од Свети Николе на 31 јули. Додека пак, три дена пред тоа беше приведен и С.Р. од селото Али Коч, радовишко бидејќи подметнал пожари во близина на селото.