Екипите на Градот Скопје од денеска ги почнуваат градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци.
Оваа сообраќајна лента ќе се реконструира во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште.
За време на реконструкцијата, привремено автобуско стојалиште ќе биде старата постојка „Рекорд“, т.е. пред пешачките семафори на крстосницата меѓу „Димитрие Чуповски“ и ул.„Македонија“.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.