Новата снежна покривка од околу 70 сантиметри ја продолжи скијачката сезона на Попова Шапка – како што известуваат надлежните, од денеска ски-лифтовите и жичниците се повторно во употреба, а терените се подготвени да ги пречекаат скијачите.
Сезонава, која измина во знакот на проблеми со снегот, добива свое продолжение на половината од март, а од ски-центарот велат дека скијање ќе има се додека има и снег. По неколку години, скијачите на Шапка од следната година можат да се надеваат на нова жичница – шестоседот, кој ќе оди од подножјето на ски-лифтот „Јелак“ до врвот на „Г“, ќе се гради пролетва и треба да биде подготвен за следната сезона.