Во понеделник (19 јануари), во културниот центар „КуЛа“ со почеток од 15 до 00 часот ќе се прикажува лична архива на уметнички видеа. Тие ја допират уметноста, звукот и визуелното низ инсталаци, уметнички перформанси, објекти, визуализации, експерименти, анимации. Присутните ќе можат и после проекциите да продискутираат за видеата.
Во дел од селекцијата што ја правеше Доротеј Нешовски се вклучени и веќе етаблирани уметници. Така што, присутните ќе можат да ги проследат уметничките видеа на Doug Aitken, Ann Hamilton, Rafael Lozano-Hemmer, Tomás Saraceno, Оlafur Еliasson, Luzinterruptus Zimoun, Max Hattler, Tobias Gutmann, Sven Meyer / Kim Pörksen, Michal Kohut, RYOJI IKEDA, Bernier Measroc, Theo Jansen, Pierre-Laurent Cassière, Hilary Hahn и Hauschka.