Проекција на 15 филма во Куманово како најава за четвртото издание на фестивалот „ФИЛМАЈ“

Како најава за четвртото издание на фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“, но и за потсетник на минатите три изданија, во среда и четврток (25 и 26 мај) во кумановскиот „Валхала“ бар ќе бидат прикажани 15 филма.

Дополнително во најавата за настанот се додава дека бројот на места е ограничен и се посочува дека затоа е потребно да се резервираат на време.

среда, 25 мај 2022
– FETCH (ФИЛМАЈ 2020 – награда `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија)
– The Silence Of The River
– Црни и Криви
– When I Dance, The Earth Trembles
– Night Stalkers
– Налепница (ФИЛМАЈ 2020 – награда за најдобар македонски/домашен филм)
– Libre
четврток, 26 мај 2022
– NIMIC
– Da Yie (ФИЛМАЈ 2021 – награда „Радислав Ристевски“ за најдобра кинематографија)
– Заб
– Swipe
– Двајца со јајца
– Skin (ФИЛМАЈ 2020 – награда „Козјак“ за најдобро сценарио)
– Награда (ФИЛМАЈ 2019 – награда „Козјак“ за најдобро сценарио)
– Bonobo

Четвртото издание на „ФИЛМАЈ“ ќе се одржи на 2 јуни во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово.