Вечерва (26 август) Градот Скопје организира ново филмско дружење на отворено, овојпат со проекцијата на „Балканот не е мртов“ од режисерот Александар Поповски.
Киното на отворено ќе биде поставено кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, а проекцијата ќе започне во 20:30 часот.
„Како дел од богатата културна понуда на Град Скопје во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година, филмските вечери на отворено прераснуваат во омилена активност на голем број граѓани кои го посетуваат Градскиот парк и ги исполнуваат викендите со дружење и забава“, велат од Град Скопје.