Минатата година починаа тројца музичари – членови на „Груп Јорум“ (Турција), како последица на нивниот штрајк со глад. Во среда со почеток во 19 и 30 часот, во Социјалниот центар „Дуња“ ќе се прикаже документарецот за турските музичари. „Груп Јорум“ бараше да се отстрани забраната за одржување на концерти, да се ослободат сите членови на групата од затвор и да се прекине прогонот кон нив. До денот на смртта Хелин Болек штрајкуваше 288 дена, Мустафа Кочак 297 дена и Ибрахим Гокчек 324 дена.
„Зошто овие млади луѓе се одлучија на ваков чекор? Зошто нивните барања не беа прифатени и покрај нивната смрт? Зошто нивните песни и популарност ја плашат секоја власт во Турција? Со цел одговор на овие прашања ќе проектираме документарна емисија за „Груп Јорум“ која го следи творештвото на групата од самото нејзино основање во 1985 година“, велат од „Дуња“.
Присутните ќе имаат можност да слушнат и неколку песни со превод на македонски јазик, а по проекцијата ќе следува дискусија за тоа што ги прави „Груп Јорум“ поразлични од останатите музичари во светот.
Настанот ќе се одржи во дворот на С.Ц. Дуња, со почитување на сите актуелните здравствени протоколи за заштита од Ковид-19.