Еко-движењето „За почиста Македонија“ во четврток на 14 октомври, во 18 часот организира проекција на краткометражниот документарен филм „Trash Tour: The Movie!“ кој го прикажува нивното патешествие за време на турнејата за чистење ѓубре во земјава.
Проекцијата на филмот, во кој велат дека е вложен многу труд, љубов и позитивна енергија, со цел тој да служи како инспирација за сите ќе се одржи во ПСУ „Јахја Кемал“ во Тафталиџе.
Организаторите велат дека бројот на седишта е ограничен, па оттука посочуваат дека е потребно да се пополни формуларот кој може да се најде на следниов ЛИНК.