Филмот „Денес“ на режисерот Ален Гоми ќе биде прикажан на 28 март (среда) од 20 часот во Кинотека на Македонија.
Проекцијата е во соработка на Кинотека со Францускиот институт во Скопје, а во скоп на Франкофонскиот кино-клуб.
Во филмот играат Саул Вилијамс, Ајса Мајга и Анисија Изејман. „Денес“ е добитник е на бројни награди, и е наречен „вистинска нежна ода на животот“.
„Дакар, близок и бучен град, полн со бои… И семејството, и неговата прва љубов, првите искуства и желби се таму… Денес Саче треба да умре. Така одлучија. Денес Саче живее како никогаш досега“, стои во најавата за „Денес“.