Во Кинотеката на Македонија вечерва (10 ноември), во организација на Францускиот институт во Скопје, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Вавилонски двор“ на Жили Бертучели.
Филмот е снимен во 2014 година и се прикажува во знак на одбележувањето на Месецот на документарниот филм.
За филмот досега имаат напишано повеќе критичари кои го опишуваат како „лекција за животот и слободата“, „утешува и освежува“.