Проекција на „Граници на работењето“ и дискусија во „Парк Форум“

„МакеДокс“ и фондацијата за социјална демократија Фридрих Еберт на 27 мај (четврток) од 20 часот организираат проекција на чешкиот документарен филм „Границите при работењето“, проследена со дебата посветена на работичките права.

Се работи за филм од 2017 година во режија на Аполена Рихликова, а ја следи приказната за новинарката Саша Ухлова, која поминува шест месеци во истражување на работните услови на најлошо платените работни места во Чешка.

„Неколку недели работи во болничка бања, во фабрика за живина, зад каса во маркет и во објект за сортирање отпад. Нејзиното искуство поставува основа за многу лична серија написи за луѓе кои работат невидливи работни места под шокантни услови, прво објавени на веб-страницата A2larm.cz“, се вели во најавата.

Аполена Рихликова овие написи ги претвора во документарен филм кој се состои од сцени снимени во домот на Ухлова и од видео-снимки направени на нејзините работни места, придружени со коментари на овие различни простори кои ги чита Ухлова.

„Минав неколку месеци со мојата протагонистка, која ниту еднаш не се постави себе си над оние чии животи се обидува да ни ги прикаже. Можеби со текот на времето овој филм од нашата ера ќе допре до оние кои ги засега“, ќе рече реѓисерката Рихликова.

Инаку, организаторите потенцираат дека е потребно да се резервира билет за проекцијата и дискисијата. Тоа може да се направи ТУКА.