Овој петок, во Џебното кино на МКЦ, ќе се прикажува македонскиот документарен филм „Кобра“, во режија на Игор Иванов – Изи.
По проекцијата, присутните ќе имаат прилика да разговараат за филмот со режисерот, како и со дел од екипата која работеше на филмот.
Кобра ја обработува приказната за единствениот Македонец кој има освоено златен медал на Олимписките игри, борачот Шабан Трстена. И покрај светскиот успех на Трстена, неговото постигнување останува непризнаено од тогашните политички институции, и од останатиот дел на општеството.
Проекцијата ќе започне во 20 часот.
Влезот е бесплатен, но организаторите напоменуваат дека Џебното кино располага со 80 седишта.