Како дел од OFF програма на Контра кадар Скопје, вечерва ќе се прикажува анимираниот филм „L’Illusionniste” направен врз основа на последното сценарио на францускиот режисер Жак Тати.
Филмот е исполнет со сите карактеристики што ги прават неговите филмски дела единствени, од чудните манеризми на главниот лик што се префрлени и во анимираниот свет, до нетипичната нарација и центар на дејство пренесени со меланхоличниот стил на анимација.
Како тема е одбрана реченицата што сите си ја кажувале како мали, или „Кога ќе пораснам…“. Ова е клучно и во сите дела на Тати, за неостварените аспирации што луѓето ги имале и ги изгубиле во општество.
Проекцијата ќе се одржи во 19 часот во Социјален центар Дуња. Влезот и дискусијата, како секогаш, се бесплатни.