Во КСП Центар – Јадро утре (петок, 15 март) од 20 часот ќе има проекција на долгометражниот музички документарен филм „The Hip – Brainstorm“ и дискусија на режисерот Јане Алтипармаков со филмскиот критичар Златко Ѓелески.
Филмот „The Hip – Brainstorm“ е продолжение, своевидно документарно надополнување на долгометражното ДВД-видео издание „The Hip – Reality Overdrive“.
Режија и продукција е на Јане Алтипармаков, а автор на оригиналната идеја: Љубиша Петрушевски.
Продукцијата и монтажата се на Михаил Димитров, за звучниот дизајн беше задолжен Валентин Видовиќ, директорка на фотографија е Наташа Гелева, снимателка Ања Илиева, а дополнителни монтажери – Зоран Чаневски и Димитар Илиевски
„Во филмот се појавуваат: Васко Атанасовски (Бернајс Пропаганда, Балкан Велики), Toшо Филиповски (автор на првата сеопфатна македонска рок енциклопедија), Саша Павловиќ (Suns), Ивица Димитриевиќ (SIZ), Мирко Попов (PMG Kolektiv), Костадин Шурбановски (Канал 103), Сеад Хаџиќ – Сецко (Last Expedition, Mooger Fooger), членовите на бендовите The Hip, Morbid Joker, Музичка Младина. Во филмов ексклузивно се измонтирани архивски снимки од настапите на Електрични Оргазам, Екатарина Велика, легендарните Nirvana, Psychic TV, Buzzcocks, Sonic Youth, Young Gods“, се вели во најавата.
Настанот е во организација на „Аксиома“.
„Аксиома“ е асоцијација за културна соработка и истражување, која организира интердисциплинарни и мултиуметнички настани/проекти, организира концерти, издава книги од областите на современата естетика, ремикс културата, критичките теории и сл., организира изложби и работилници за млади и потајно навива македонската авангардна или „терсене“ музика да стане идеја-водилка на сите уметности.