Во четврток со почеток од 20 часот на Факултетот за драмски уметности ќе се одржи проекција на испитните документарни филмови на студентите од втор семестар од катедрите за филмска и ТВ режија, како и филмско и ТВ снимање.
Организаторите посочуваат дека ќе се прикажуваат филмовите на Александар Несторовски, Кристијан Костадиновки, Филип Трпчевски, Тина Величковиќ и Ана Павловска.
Капацитетот на публиката е ограничен согласно протоколите за работа на Академската сцена на ФДУ. Па оттука, тие додаваат дека за најавување на присуство е потребно да се пополни формуларот на следниов ЛИНК.