Во малата сала на Центар за култура – Битола на 18 декември (понеделник) од 19:30 часот ќе има проекција на филмот „The Hip – Brainstorm“, а притоа ќе се одржи и дискусија со режисерот на филмот, Јане Алтипармаков.
За филмот Митко Гогов напиша:
„Филмот е вивисекција на едно богато алтернативно музичко минато кое го имаме како држава, многу наши бендови и артисти го обликуваат нашето светогледие, нашиот истенчен вкус за музика… Каква е македонската документарна кинематографија, музика, културна сцена воопшто? Преживуваме, преживеавме, ја живееме ли субкултурната музичка култура и што можеме да дадеме на идните генерации? Oвој филм е токму таков подарок за идните генерации, пресек на едно време за кое пишуваат и Љупчо Јолевски, Филиповски Тошо, и неколку други, но сега можеме да го видиме и на платно…“.
По проекцијата следува дискусијата за алтернативната сцена во Македонија.
Влезот за настанот е бесплатен.