Социјален центар Дуња продолжува со EX-YU вечерите. Вечерва во 19:30 часот ќе се проектира филмот ,,Пластичен исус”, забранетиот филм кој воедно е и дипломска работа на Лазар Стојановиќ.
Овој филм е забранет поради начинот на кој го прикажува тогашниот претседател на Југославија – Јосип Броз Тито. Професорот Александар Петровиќ кој бил ментор на филмот бил избркан од Факултетот за драмски уметности во Белград, а Лазар Стојановиќ завршил во затвор. Филмот завршил во бункер и било забрането да се прикажува.
Гостин на проекцијата ќе биде професорот Русомир Богдановски, професор во пензија на Факултетот за драмски уметности во Скопје кој воедно е дел од актерската екипа на филмот. Тој ќе ни раскаже од прва рака како било снимањето и работата на овој филм.
Влезот на проекциите е бесплатен.