Проекција на „Зона на интерес“ во Кинотека на 23 јануари

Во Кинотека на Македонија на 23 јануари (четврток) од 19 часот ќе биде проектиран филмот „Зона на интерес“ (Zone of interest).

„Филм со два ’Оскари’ за баналноста на злото од британскиот режисер Џонатан Глејзер со врвна германскa актерска екипа“, велат од Кинотека.

Синопсисот вели: командантот на Аушвиц, Рудолф Хес и неговата сопруга Хедвиг се обидуваат да изградат живот од соништата за нивното семејство во куќа и градина која се граничи со концентрационен логор.