Проектот „Признавам…“ – рефлексија на секојдневните тајни на луѓето

„Признавам, имам украдено двеста евра!“, „ Признавам, не гласав за ВМРО!“, „ Признавам, мамо се осеќам преубаво кога сум надуван“, „Признавам, те имам на FB, Instagram, Viber, а уствари те немам…“ Ова се само дел од многу анонимни пораки кои ги оставија граѓаните кои сакаа да ги споделат најинтимните тајни кои вообичаено не би ги кажале јавно.

priznavam1

Изминатава седмица во Концепт 37, сите заинтересирани можеа да ги дополнат пораките кои почнуваа со „Признавам дека…“, за проектот да биде заокрушен со синоќешната финалната изложба на која можеа да се прочитаат бројните сведоштва.

priznavam

Како што наведува Кристина Керкез, една од организаторките во проектот, целта било да се покаже дека постојат работи во животот кои немаме храброст да ги кажеме на глас, кои се плашиме да ги признаеме и ги носиме во себе. Затоа вели таа, им дозволивме на луѓето да се ослободат и анонимно да ги споделат ваквите нешта.

„Овој проект овозможи во уметничкиот простор да имаме истовремено нешто што не може да го кажеме јавно. Преку пораките може да се види дека имаме исти интереси и дека имаме исти тајни,“ вели Керкез.

3

Со инспирација од проектот на американската уметница Кенди Ченг и нејзиниот проект „Confessions”, Сандра Камилоска, Андреа Хајди, Мики Стефаноски, Кристина Керкез и Дејан Спироски ја започнаа како што ја нарекуваат „јавната исповедалница“. Претходно тие го реализираа и проектот „Before I Die“, а како дел од кампањата „Слободен си. Изрази се!”. За во иднина нема ништо конкретно, но како што вели Керкез, тие сакаат да продолжат со ваквите проекти во земјава.

Емилија Петреска