Независниот музички издавач „Шарла“ го објави изданието број 70, во вид на деби ЕР на македонски јазик на проектот „Waltz in Wires“ – „Златни Мугри“ EP.
Од „Шарла“ објаснуваат дека „Waltz in Wires“ е соло/псевдобенд проект на охриѓанецот Санел Ајрулоски, помогнат на бас гитара од Јане Тодороски и Бранислав Настоски кој е задолжен за студиската продукција на материјалот.
„Златни мугри“ е нивно второ официјално издание, по албумот „Reminiscence“ кој излезе за „Шарла“ минатата година.
„И овде е јасна стилската ориентација на бендот во правец на пост-панк, њу вејв и електро-поп варијациите на рок музиката од 80те години на минатиот век. Во сите 4 нумери е препознатлив силниот авторски печат на Ајрулоски како композитор, но и креативните аранжмански решенија кои заедно со извонредната продукција му даваат светски призвук на ова издание. Дефинитивно, летно освежување на македонската независна музичка сцена’, соопштуваат од „Шарла“.
„Waltz in Wires“ – „Златни Мугри“ EP може да се преслуша и на одредено време бесплатно да се симне на линкот: https://sharla.bandcamp.com/album/zlatni-mugri-ep