Проекција на видеа од стенд-ап настапи на американскиот комичар Џорџ Карлин (1937-2008) ќе се одржи во предавалната 17 на Филозофскиот факултет во Скопје на 5 март.Проекцијата на „Life Is Worth Losing“ – настапот на Карлин во Њујорк во 2006 во продукција на HBO, почнува во 17 часот и 30 минути. Во продолжение на настанот, предвидена е дискусија на која ќе се посвети внимание на прашањата околу образовниот процес.
Џорџ Карлин е познат како општествен критичар и модерен филозоф кој на духовит начин ги пренесува проблемите на модерниот човек и отвора различни табу теми. Во неговите инспиративни стенд-ап настапи, Карлин со суров и искрен јазик ги третира темите поврзани со општеството, религијата, социјалните разлики и пороците.