Суша е прогласена во поголемиот дел од Англија, земјата која го има најсушниот период од почетокот на годината, во последните 50 години, соопшти британската влада.
Мерката која вклучува ограничувања за користење на водата на локално ниво, последен пат беше објавена во 2018 година.
Сушата доаѓа како резултат на топлотниот бран во Велика Британија со невообичаено високите температури. Научниците сметаат дека овој феномен ќе биде почест и поинтензивен поради глобалното затоплување.
Портокаловото предупредување за „екстремна топлина“ беше на сила од четвртокот до вчеравечер во поголемиот дел од јужна Англија и делови од Велс, соопшти британската метеоролошка служба.