Вчеравечер на свечена церемонија беа прогласени добитниците на првиот Фестивал на најдобри настани „БЕАМ“. Жири комисијата составена од 20 искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии, по однапред утврдени критериуми и правила оценувала 65 пријави во 15 категории, соопштија организаторите.
Поделени по категории, победниците се:
Најдобар културен / музички настан – Д Фестивал – Пасворд Продукција
Најдобар фестивал / манифестација – Таксират Фестивал – Пасворд Продукција
Најдобар самит, конгрес или конференција – Пин Конференција – Пасворд Продукција
Најдобар експо (саем) – Скопје виски фест – Боттега Евенти
Најдобар корпоративен настан – Сто години Пивара – Меккен Скопје
Најдобар настан за бренд активација – Schweppes Mixology – Меккен Скопје
Најдобар настан за промоција на нов производ – Омега денови – Божиновски часовници и накит
Најдобар НВО настан – Играме заедно – Аутизам ААМК
Најдобар настан на државна / јавна институција – Илинденски денови – Центар за култура Битола
Најдобар спортски настан – Виз Ер Скопски маратон – Сојуз на спортови на Скопје
Најдобра рентал компанија – К енд Д Аудио
Најдобра компанија за видео поддршка на настани – Мунлајт
Најдобра аутсорсинг компанија – О3 Инвест
Најдобро место за одржување на настани – Филхармонија на РСМ
„Овој фестивал покажува дека настаните се важни за културата, за бизнисот, за невладиниот сектор, за државните и јавни институции, за спортот, буквално за секој сегмент од општеството. Затоа е важно и да бидат валоризирани. Со БЕАМ правиме пресек на годината што изминала и поттикнуваме натпревар со цел подигнување на креативноста и квалитетот на настаните“, велат организаторите.
Настанот е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП, а произлегол како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците.
„Фестивалот им оддава признание на креативните идеи и настани, но и ја потенцира важноста на настаните во општеството. БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и вредната и напорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани“, додаваат организаторите.
Од БЕАМ за оваа есен најавија и прва конференција и саем на ивент индустријата каде фокусот ќе биде ставен на едукација, вмрежување и отворање на бизнис можности за сите компании.