Прогласени победниците на Меѓународен салон за стрип „Велес 2024“

Меѓународен салон на стрип „Велес 2024“, единствената манифестација од ваков вид во Македонија, годинава го одбележува своето 21. издание во организација на Стрип центарот на Македонија.

На отворањето во Јуроп Хаус беа доделени награди и признанија додека присутните можеа да ги видат изложени стрип дела, годинава пристигнати во рекорден број – 351 стрипови од 17 земји.

Наградени беа:

Прва награда „ ЗЛАТЕН СТРИП“
Стрипот „РЕВОЛВЕР “ НА Војдан Андонов(сценарио) и Цанко Стефанов (цртеж) МАКЕДОНИЈА
Втора награда
„ВЕРА И НЕВЕРА“ на авторите: Марко Стојановиќ( Сценарио) Милан Јовановиќ и Дражен Ковачевиќ (поставки), Владимир Алексич(цртеж) и Аљоша Томиќ(колор) Србија
Трета награда
„КОЦКАЊЕ СО ЖИВОТ’ на авторите: Никола Видачковиќ(сценарио) и Драган Павасовиќ(цртеж) Србија

НАЈДОБАР СТРИП ОД МАКЕДОНСКИ АВТОРИ
„СИ БЕШЕ ЕДНАШ ЕДЕН ЧОВЕК“ на авторите : Александар Стеванов(сценарио) и Дарко Богданов(цртеж)

НАЈДОБРО СЦЕНАРИО
„АНАЛИЗА НА СМРТТА“ –Марко Стојановиќ, Србија

НАЈДОБАР УМЕТНИЧКИ ИЗРАЗ
“STARGAZER 256” Даша Конопатова, Русија

НАЈДОБРО СЦЕНАРИО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
„НИЕ ШТО СЕ БОРИМЕ СО БОГОВИ’ –Војдан Андонов, Скопје

КАТЕГОРИЈА ОСНОВЦИ
• Најдобар стрип во оваа категорија за ученици од Македонија за Теона Маркоска , Тетово со стрип „КАКВО КОЛО НАОКОЛУ!“
• Најдобар стрип во оваа категорија за ученици надвор од Македонија за Вук Стојановиќ од Лесковац

КАТЕГОРИЈА СРЕДНОШКОЛЦИ
• Најдобар стрип од Македонија има Теодора Христова, Битола
• Најдобар стрип надвор од Македонија има Огњен Стојановиќ, Србија
• Пофалница добива Вилма Дамњановска

НАЈДОБАР ДЕБИТАНТСКИ СТРИП
• Сандра Костовска , Скопје

НАЈМЛАД УЧЕСНИК
• Марко Купенков, Скопје 5,5

Стрип активностите во рамки на Велешко лето продолжуваат утре, кога започнува 6. Стрип колонија „Велес 2024“ во Спомен куќата на Касапови.

Во продолжение, погледнете фотографии од отворањето и прогласувањето на победниците:

Фото: Стрип центар на Македонија