Прогласени победниците на петтото издание на „Галичник филм фестивал“

Заврши петтото издание на „Галичник филм фестивал“, кој годинава привлече бројни филмски ентузијасти, режисери, актери и љубители на седмата уметност.

Жири комисијата во состав Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов и Жан Дакар, едногласно донесоа одлука за прогласување на победниците.

Наградите се во продолжение:

  • Најдобра актерска двојка: Ерик К. Булијана и Флоренс Блејн Мбаје за филмот „Правење бебиња“, во режија на Ерик К. Булијана од Канада.
  • Награда за млад актер: Гордон Рокс за улогата во филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединетите Американски Држави.

Главни Награди:

  • Награда за најдобра кинематографија: Себастијан Вебер за филмот „Нечуени работи“, во режија на Рамазан Килич од Турција.
  • Награда за најдобро сценарио: Рејчел Волден за филмот „Лимоново дрво“, во режија на Рејчел Волден од Соединетите Американски Држави.
  • Награда за најдобра режија: Ерик К. Булијана за филмот „Правење бебиња“, од Канада.
  • Награда за најдобар актер: Ксавиер Ривард-Дези за филмот „Кралеви“, во режија на Оливие Коте од Канада.
  • Награда за најдобра актерка: Улијана Золкина за филмот „Лето со боровинки“, во режија на Маша Кондакова од Украина.
  • Награда од публика: Филмот „Врзете ги појасите“ во режија на Михаил Морсков и Виталиј Дудка од Русија.
  • Награда за најдобар анимиран филм: „Рак во базенот“, во режија на Александра Миот и Жан Себастиен Хамел од Канада.
  • Награда за најдобар документарен филм: „1001 ноќ“, во режија на Реа Рајчиќ од Хрватска.
  • Награда за најдобар игран филм: „Кратко патување“ на Ереник Беќири од Албанија.

Исто така, гран-при за најдобар Филм на петтото издание на „Галичник филм фестивал“ доби „Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич од Турција.

Фестивалот ги прославува талентот и креативноста на учесниците, а сите присутни имаа можност да уживаат во филмови кои оставија траен впечаток, соопштија организаторите.