Програма на активностите во автономните зони за денеска

Активностите од културно-образовен карактер продолжуваат да се одвиваат во автономните зони. Во нив, се вклучуваат нови неформални организации и студенти од различни факултети кои реализираат изведби, проекции и работилници, додека професори спроведуваат алтернативни предавања во интерес на студентите.

Денеска е пети ден како студентите ја окупираа факултетската зграда на Филозофски/Филолошки факултет, а четврти откако студентите го проширија фронтот и на Машински и ФЕИТ.

Во едната зона ќе продолжат активностите кои повеќе се фокусирани кон културата и општествените теми, додека на техничките ќе продолжат работилниците кои се повеќе научно ориентирани.

Програма за активностите на Филозофски/Филолошкиот факултет

 

Програма за активностите на Машински и ФЕИТ

Студентска изложба во Автономна Зона

Game Jam во Автономна Зона

Воедно, студентите од автономната зона на техничките факултети ги повикуваат своите колеги, но и сите заинтересирани да направат игра во поддршка на студентското движење. Крајниот рок е 22 февруари.