Традиционалниот фестивал на пивото „Пиволенд 2014“ почнува денеска на скопско Кале.
Седмото издание на оваа манифестација, која ќе трае до недела, ќе понуди повеќе од 50 видови пиво, храна и музика. Мотото на „Пиволенд“ и оваа година е промоција на македонската музика, култура и традиција.
Како и секоја година, влезот на „Пиволенд“ ќе биде бесплатен. Посетителите во текот на петте вечери ќе можат да ги следат настапите на „Леб и сол“, „Мизар“, „Културно Уметнички Работници“, „Астероид Б612“, „Хроматик Поинт“, „Бени & Нон стоп“, „Д Џон“, реге составот „Јосип А Лисац“, „Тумбао салса бенд“, Дани Димитровска, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Тајзи и повеќе македонски музичари.
Во рамки на „Пиволенд“ ќе има и дополнителен стејџ т.н. Фреш, за млади артисти, каде свирките ќе траат до три часот по полноќ. На програмата е и концертот „Трибјут ту Пинк Флојд“.
Погледнете ја целосната програма за „Пиволенд 2014“:
Среда, 20 август
– Астероид Б 612
– Хроматик поинт
– Бени и Нонстоп
– Леб и сол
– Д Џон
Четврток, 21 август
– Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)
– К.У.Р ( Културно-уметнички работници)
– СИЗ
– СМАТ
– Тијана Дапчевиќ
– МВП ( СР)
– Мизар
Петок, 22 август
– Фреш ( Победници на конкурсот за млади бендови)
– Пука банд брука
– Тумбао салса бенд
– Тајзи
– Тамара
– Диџеј Славе
– Галактик експлорерс (диџеј Кокс)
Сабота, 23 август
– Фреш( Победници на конкурсот за млади бендови)
– Димитар Андоновски
– Трибјут 2 Пинк флојд
– Дани Димитровска
– Јосип А Лисац
– Жаре Бербер
Недела, 24 август
– Бански старчета
– Селимова-Желчевски
– Влатко Лозановски- Лозано
– Бета хаус
– Тони Михајловски и „Скандал састаф“