Пролетно разигрување во Кинотека, објавена програмата за април

Пролетно разигрување во кино салата на Кинотека. Овој месец на филмското платно ќе се прикажуваат филмови од различни жанрови, земји и континенти како и филмови од серијалот „Лауреатите на Манаки“.

Со возбудувања од психолошка природа, на филмското платно ќе биде прикажан филмот „Лолита“ снимен од режисерот Адријан Лин. „Лолита“  е мисловно истражување на темните аспекти на човековата природа. Улогите на Џереми Ајронс како Хамберт и Доминик Свејн како Лолита им носат сложеност и длабочина на ликовите. 

Веднаш потоа ќе биде прикажан и  еден од најзборуваните и најнаградуваните филмови во последнте 10 години, „Паразит“. Во 2019 година филмот ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал,  а добитник е и на Оскар за најдобар филм.

Во овој тематски блок ќе бидат прикажани и „Мементо“, „Трчај Лола трчај“ и „21 грам“.

Како што информираат од Кинотека во месец април ќе бидат прикажани и три долгометражни филмови од  грчката кинематографија, неколку краткометражни македонски филмови и двата филмови номинирани за Оксар, „Анатомија на падот“ по сценарио и режија на Жастин Триет и „Јас, капетан“, во режија на Матео Гароне.

„Се сеќаваш ли на Доли Бел“ ќе се прикажува на:

3 април (среда) 18:00ч

10 април (среда) 18:00ч

 

„Лолита“ ќе се прикажува на:

2 април (вторник) 20:00ч

 

„Паразит“  ќе се прикажува на:

3 април (среда) 20:00ч

 

„21 грам“ ќе се прикажува на:

4 април (четврток) 20:00ч

 

„Големата авантура на мачката Ру“  ќе се прикажува на:

6 април (сабота) 18:00ч

 

Денови на грчки филм

7 април (недела) 20:00ч

8 април (понеделник) 20:00ч

9 април (вторник) 20:00ч

 

„Мементо“ ќе се прикажува на:

9 април (вторник) 18:00ч

 

„Амадеус“  ќе се прикажува на:

10 април (среда) 20:00ч

 

„Светиот пајак“  ќе се прикажува на:

12 април (петок) 18:00ч

17 април (среда) 18:00ч

 

„Кучиња во операта“  ќе се прикажува на:

13 април (сабота) 18:00ч

 

Кратки македонски филмови

16 април (вторник) 18:00ч

19 април (петок) 18:00ч

 

„Црвено небо“  ќе се прикажува на:

16април (вторник) 20:00ч

18 април (четврток) 18:00ч

23 април (вторник) 20:00ч

 

„Трчај Лола, трчај“  ќе се прикажува на:

17 април (среда) 20:00ч

 

„Тешка година“  ќе се прикажува на:

19 април (петок) 20:00ч

24 април (среда) 18:00ч

 

„Анатомија на падот“  ќе се прикажува на:

25 април (четврток) 18:00ч

26 април (петок) 18:00ч

30 април (вторник) 20:00ч

 

„Јас, капетан“  ќе се прикажува на:

18 април (четврток) 20:00ч

20 април (сабота) 20:00ч

23 април (вторник) 20:00ч

 

„Духот од Кантервил“  ќе се прикажува на:

20 април (сабота) 18:00ч

 

„Големата вода“  ќе се прикажува на:

25 април (четврток) 20:00ч

 

„Црвените булки над ѕидините“ ќе се прикажува на:

26 април (петок) 20:00ч

 

„Баш супер“  ќе се прикажува на:

27 април (сабота) 18:00ч

 

„400 удари“  ќе се прикажува на:

27 април (сабота) 20:00ч

 

„Северна утеха“  ќе се прикажува на:

30 април (вторник) 18:00ч

 

Цела програма на Кинотека може да ја погледнете тука.