„Детокс“ журка по повод претстојното и деветто издание на скопскиот Фестивал „Под земја полесно се дише“, ќе се одржи во Котур, на 12 декември.
Со почеток во 20 часот, посетителите ќе имаат можност „да се почастат“ со цртеж, графика, дигиталка, подземна маичка со торбичка, а и да уживаат во музичката селекција на Далибор Кипријановски.
„Во Скопје и околината, Под земја полесно се дише сѐ повеќе и повеќе, секоја година. За деветтото издание на фестивалот, рачунаме на вашата поддршка“, велат организаторите од Кула.