На 4 март (среда) во горното фоаје на Младинскиот културен центар – Скопје, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Белата е најстрашната боја” од Ирена Јурчева.
Ова е нејзина прва прозна книга, и е добитник на наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!” којашто во декември 2019 година ја додели издавачката куќа „Темплум”.
„Белата е најстрашната боја” e втора книга на Ирена Јурчева, која покрај проза пишува и објавува поезија, а активна е и како проучувач и преведувач на фантастичната литература.
Промотори ќе биде писателот и професор Владимир Мартиновски и книжевницата Мања Величковска. Раскази ќе чита поетесата Катерина Гогова, а музичкиот дел е на групата „Калевала”.