Промоцијата на дебитантската стихозбирка „Разговорите што не можевме да ги имаме“ на поетесата Марија Велинова, ќе се одржи оваа сабота, на 4 декември.
Со почеток во 19 часот, во Домот на култура „Ацо Шопов“, промоцијата ќе ја води Андреј Медиќ Лазаревски, поет и главен и одговорен уредник на неформалното младинско здружение „Култура ẞ“.
„Делото е дел е од едицијата „Книжевни меридијани” и ја носи втората награда „Душата на чаршијата” на конкурсот за дебитантски ракопис на издавачката куќа ДАТА Песнопој“, нагласуваат организаторите.
Настанот е во режија на Стефанија Трифунија, а поезија ќе читаат членовите на драмското студио „Spotlight“: Ана Марија Тикова, Ива Џорлева, Слободанка Ѓорчева, Јован Јанев, Ана Манева и Макрина Јорданова.
Марија Велинова e поетеса родена и израсната во Штип, ученик во четврта година во СОУ „Славчо Стојменски“. Дел е од драмското студио „Spotlight“ Од мала возраст има невообичаена заинтересираност за книги и филмови, а на пет години се запознава со театарот.
Активно започнува со пишување во 2018 и со своите дела конкурира на повеќе места, од кои добива една прва награда како и номинација за наградата „Антев Часовник“.