Во петок (23 јуни) ќе се одржи промоција на електронското издание на „Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век)“. Промоцијата ќе започне во 18:30 часот во кафе-книжарницата „Буква“.
„’Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении од дваесет и првиот век)’ е резултат на соработката со Теа Дуза, Моника Михајловска, Ајнур Касо, Симона Трајчевска, Александра Лазороска, Павлина Коталеска, Александар Петровски, Фросина Крушкаровска, Елена Петрова, Марија Ангеловска, Татјана Танчевска, Ана Органџиска, Ивана Јовановска, Кристијан Стефановски и Андреј Медиќ Лазаревски, петнаесет тековни и/или дипломирани студентки и студенти од Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’, кои се занимаваат со книжевност и книжевна критика“, се посочува во најавата за настанот.
Книгата содржи 40 текстови посветени на делата од македонската книжевност кои се објавени во првите две децении на 21 век, како и пригоден увод со објаснување за мотивите, идејата и процесот на работа на книгата.