Во среда (19 август), во рамките на Охридско лето, ќе биде промовирана книгата, „Собрани драми, книга четврта“ од еден од најеминентните македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски.
Најновата збирка од едицијата „Темелници“ во издание на Табернакул, каде Стефановски веќе е објавен со три изданија, содржи три нови драми, „Одисеј“, „Огнени јазици“ и „Figurae veneris historiae“.
Промоцијата ќе се одржи во Охрид, во Куќата на Уранија, во 19:00 часот. Книгата ќе ја промовира Катица Ќулавкова, а извадоци од сцени од драмите ќе интерпретира актерот Никола Ристановски. На настанот планирано е за процесот на создавање на драмите да говори и Горан Стефановски.