После цели 11 месеци, денеска (1 април, сабота), Партизанска штампа ја најавува промоцијата на 5-тото издание под број 4 на фанзинот „На пример“.
Настанот ќе се одржи од 21 часот во скопска „Ла Кања“.
„Овој пат ‘На пример’ во спектакуларно руво, плејада автори или 27 автори со дуплерица! Уствари еден е ‘лежи лебу да те јадам’, а пошто ‘увек може боље’ изнудивме уште еден и скоцкавме дебел мрсен зин, ‘маста им ја извадивме’ на авторите. Доста правиме будали од себе, ‘Бидете господини’ е мото што ќе се штампа во живо во розе ‘пинк пантер’ боја, земете си парче – да не биде после плачење. Страшни музики за играње ќе ни пушта директно од плочи господинот Владимир Муратовски. Не е шега, ниту шала, На пример е фанзин инициран 2020-тата, и ете толку години требаат за да се стигне до Ла кања во сабота. Полеката далеко“, стои во најавата за настанот на Партизанска штампа.
Автори се: Марта Патлиџанковска, Госи Етц, Јелена Белиќ, Јасна Николова, Уна Николоска, Владимир Лукаш, Бојан Станиќ, Александар Дениќ, Александра Најдовска, Лусина Ампева, Ана Трајковска, Татјана Јовановска, Стефан Алијевиќ, Владимир Муратовски, Горан Стојчетовиќ, Елена Митревска, Александра Јовановска, Ѓорѓи Јаневски, Ѓорѓи Крстевски, Александра Јовановска, Јоана Ристеска, Ева Симевска, Јован Гаковски, Зденко Петровски, Тома Димовски, Милош Стојановиќ, Велимир Жерновски.
Гуратори: Јован Гаковски и Ева Симевска