Промоција на книгата „Антологија на иднината“

На 4 октомври, петок во 20:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на книгата „Антологија на иднината“ во која се содржани авторски прозни и поетски дела од 23 млади автори.

„Не можеш да купиш среќа со пари, но можеш да купиш книга, тоа е приближно исто. Книгата ќе може да ја купите на самиот настан, а цената по која ќе ја платите ќе ја изберете вие самите со завртување на т.н. тркало на литературата“, се вели во најавата за промоцијата.

Книгата ќе ја промовираат Ива Петревска и Андреј Медиќ Лазаревски, по што ќе следи музичка селекција на Куќоглав.

Постерот е дело на Дона Илијевска.