Нова книга на Томе Велков, „Судбината и зборот“ ќе биде промовирана на 12 април во Културно информативниот центар – Скопје во почеток во 19 часот.
На промоцијата ќе зборуваат Елена Пренџова, рецензент и Виолета Танчева – Златева, модератор.
Томе Влков е роден 1947 година во Струмица. Средно образование завршува во Скопје. Живее и твори во Скопје. Со пишување поезија се занимава од 1964година кога станува член на Литературниот клуб „Кочо Рацин“ од Велес.
Застапен е во повеќе алманаси на овој литературен клуб, а во следните години неговата поезија се објавува во повеќе списанија: „Млад борец“, „Студентски збор“, „Современост“, „Телеграм“ од Загреб, „Младост“ од Белград, „Стремеж“, „Пролетни ракувања“ и други. Досега ги има објавено стихозбирките „Јужен ветар“, „Копнежи и соништа“, „Жолти сеќавања“, „Чудно време“ и други.
„Својата поезија ја пишува со голема самосвесност и егзистенцијалистичка мисловност, прашувајќи се „има ли смисла зборот едноставен / да ја разбуди мислата“. Лично сум убедена дека има сила поезијата од срце искрена да ја разбуди свеста на читател(к)ите“, вели рецензентката Елена Пренџова.