„Тешко ќе најдеш добар човек“ е збирка на раскази од американската писателка Фланери О’Конор, а воедно е и прво дело од писателката кое е преведено на македонски јазик.
Промоцијата на македонскиот превод ќе се одржи на 8 јули, во кафе книжарницата „Буква“, со почеток во 20:30 часот. Промотери на преводот ќе бидат писателкатаи преведвачка Румена Бужаровска, како и Никола Гелевски, главниот уредник на издавачката куќа „Темплум“.
„Секоја реченица кај О’Конор е експлозивна и повеќезначна. Нејзиниот јазик живописно го отсликува говорот на американскиот Југ – оттаму и предизвиците при преводот. Тоа е така бидејќи и покрај тоа што нејзините приказни се универзални, нивниот идиом е локален, типичен за Југот на Америка – и токму тоа им ја дава нивната богата неповторлива обоеност“, вели за книгата преведувачката Румена Бужаровска.