Во скопската градска кафеана „Пелистер“ во петок (5 јули) од 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Лет со умот кон папакот на универзумот“ од Љубомир Грбевски – Џери.
Според најавите се работи за „бајки несолени за мали и за големи, пиеси во стихови“, во издание на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
Книгата содржи три драмски текста: „Лет со умот кон папокот на универзумот“, „Здодевна бајка“ и „Шумско востание“.
Промотор на книгата е Стево Дренковски, а музичката поддршка на настанот ќе биде од Јаков Дренковски.
Инаку, ова е четврта книга на авторот Љубомир Грбевски, кој е новинар, поет и драмски автор, роден во Скопје. Пишува поезија и пиеси за тинејџерска популација, како и рок поезија за возрасни.