Македонската рок група „Пеперминт“ својата нова песна „Minna Aishiteru“ („Сите ги сакам“), напишана на македонски и јапонски јазик ќе ја промовира во четврток во пабот „Drunken Monkeyes“ во 20 часот.
„Во рамките на промоцијата в четврток, публиката ќе го премиерно ќе го погледне видео записот; ќе проследи изведба на неколку песни на Пеперминт во живо, а понатаму ќе ужива во свежо припремено суши; промоција на јапонски пијалоци и музички избор припремен од неофицијалната организација за промоција на источноазиска музика, Beats of Asia“, се вели во најавата.
Од здружението ПАГОДА кое ја организира промоцијата велат дека за јапонската верзија, Пеперминт работеа во директна консултација со јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу.
„Со ‘Minna Aishiteru’ Пеперминт стануваат првиот македонски бенд кој создава авторска песна на јапонски јазик“, велат оттаму.
Видео записот е во режија на Стефан Рајхл и Горан Трифуновски, кој е и автор на сценариото. Директор на фотографија е Стефан Рајхл; монтажер е Аристид Филактов, додека пак графиката е на Марија Димкароска. Костимите се на Марија Пупучевска и Ангела Богеска, а за сценографијата се погрижи Боби Слободан Гроздановски.
Пеперминт се македонска рок група оформена во 1999 година во Скопје од Горан Трифуновски. Пеперминт досега имаат издадено неколку албуми: „Некако Така“ „Ама ако“, „Мтв Анплагд“, „Пеперминт 2016“.