Музејот на град Скопје оваа година одбележува 70 години од постоењето, а јубилејот ќе го одбележи со издавање на монографијата „70 години Музеј на град Скопје“.
Во неа, на 300 страни и со над 200 фотографии, се претставени сите значајни музејски предмети и уметнички дела од збирките на музејот, таа ги содржи и ги обединува сите значајни настани како и сите значајни печатени изданија што се резултат на работата на неколку поколенија музејски дејци, пишуваат од Музејот.
Исто така, на 12 февруари во Музејот на град Скопје ќе бидат отворени неколку изложби.
Posted by Музеј На Град Скопје on Tuesday, 4 February 2020
Музејот веќе седум децении ја привлекува публиката преку интерактивни проекти, изложби и презентации како на културното богатство, така и на современите културни производи, подигајќи го општото културно рамниште на граѓаните на град Скопје. Благодарение на работата на неколку поколенија музејски работници Музејот денес стана значаен центар за чување, заштита и презентација како на нашето културно наследство, така и на современата култура и уметност.
Седумдесет години од постоењето (1949 – 2019) и педесет години од користење на музејскиот објект Железничка станица (1970-2020) е јубилеј што ќе биде одбележан со пригодна манифестација на 12 февруари 2020 година, дополнуваат во дописот од Музејот на град Скопје.