Издавачката куќа Табернакул утре (27 април) ќе промовира едно од своите најнови изданија, стихозбирката „Морето ми е до колена“ од Јовица Ивановски. Промоцијата е најавена во 21 часот, во клуб ресторанот МКЦ во Скопје.
Книгата ќе ја промовира Душко Крстевски. Стихови од неа ќе читаат познати автори од домашната сцена Илина Јакимовска, Николина Андова-Шопова, Владимир Јанковски и Петар Андоновски. Цртежот на корицата е на Мирослав Масин.
Ова е единаесетта збирка поезија на поетот Јовица Ивановски.