Оваа среда (26 ноември), во „Менада“ во Старата скопска чаршија, ќе биде промовиран новиот албум „Dog Show“ на македонскиот џез состав „Летечки Пекинезери“.
Албумот, на кој се наоѓаат 11 композиции е снимен, миксан и продуциран од Ален Хаџи-Стефанов и „Летечки Пекинезери“. Автор на дизајнот на обвивката е Руки. Промоцијата на “Dog Show” ќе биде збогатена со настап на групата во живо.
Џез-квинтетот који го составуваат Бојан Петков – гитара, Иво Солдатовиќ – кларинет, Петар Христов – тенор саксофон, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Славчо Коцев – тапани помина низ многубројни значајни џез-фестивали од типот на традиционалното Блуз и џез-рели како и на светскиот интернет фестивал „Made in New York“.