Промоцијата на новиот роман на Лидија Димковска со наслов „Но-уи“ ќе се одржи вечерва (30 август), во 21 часот, во клубот Ла Кања во Старата скопска чаршија.
Станува збор за трето прозно издание на авторката по „Скриена камера“ од 2004 година и наградуваниот „Резервен живот“ од 2012 година (Европска награда за литература, Стале Попов на ДПМ).
Промотори на новиот роман се Оливера Ќорвезироска и Ристо Лазаров.