Во четврток (14 декември) во Филхармонија кафе-бар ќе се одржи промоција на новиот роман „Живот без сведоци“ од Наташа Сарџоска.
Промоторка на романот ќе биде авторката и професорка Маја Мухиќ, а дебатата, како што се најавува, ќе биде „одличен вовед во уште едно необично четиво што ќе ни ги отвори очите за дел од стварноста пред кој често замижуваме“.
„Кревок, срамежлив, ранлив, а истовремено страстен, бурен и возбудлив роман“, вели Венко Андоновски за романот. го опиша романот.
Промоцијата на романот ќе започне во 19 часот.