Францускиот институт во Скопје и издавачките куќи „Или-Или“ и „Бункер“ организираат книжевна промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“, и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“.
Промоцијата ќе биде во четврток (15 февруари) во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.
Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка, г-дин Иго Бештел. Покрај него пред присутните ќе се обратат и одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето.