Иницијативата „Спознавање“ во сабота (20 мај) ќе го претстави првиот број на истоименото културно списание. Промоцијата ќе започне во 12 часот, во дворот на Младинскиот културен центар.
„Списанието се фокусира на промовирање на македонски уметници, односно музичари, дизајнери и креативци. Во првото издание ќе се сретнете со интервјуа од локални музичари, како ‘The Local Blue’, ‘Перија’, Дина Јашари и други. Воедно, локални дизајнери како Буба Солак, Биљана Велчевска и други, но и колумни од млади ентузијасти“, се вели во описот.
За време на настанот ќе има изложено производи од локални дизајнери и музичари, а музичка придружба ќе приреди Галатеа.
Самата платформа е иницијатива од креативци сѐ со цел да се зголеми застапеноста на македонската алтернативна сцена. Дизајнот на списанието е направен од АнаМарија Мишачковска, а креатор на содржината е Дарко Беровски. Фотографиите кои се дела од интервјуата се на Иво Велчевски и Никола Јовановиќ. Дизајнерка на логото на „Спознавање“ е АнаМарија Миткова.
„Спознавање“ е платформа на креативци сѐ што цели кон поголема застапеност на македонската алтернативна сцена.