Алтернативниот рок бенд од Скопје, Визија ќе го прикаже првиот нивен спот за песната „Гласот на мојата душа“, во режија на Марко Џамбазоски.
Бендот „Визија“ постои веќе четири години, а во него членуваат Марко Џамбазоски (соло гитара и придружен вокал), Марко Гапо (вокал и ритам-гитара), Лилјана Јанкова (бас-гитара и придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).
Тие досега беа дел од неколку музички манифестации на Балканот и одржаа повеќе концерти низ Македонија.
Промоцијата ќе се одржи во четврток, (19 ноември), во 20:30 часот во „Гарсон“ (спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“).